Повеќе од 8.000 авионски летови се откажани во Соединетите Американски Држави поради најавената силна зимска бура што за време на викендот го зафати поголемиот дел од земјата, покажуваат податоците на платформата FlightAware.
Според информациите, над 3.400 летови биле одложени или целосно откажани во текот на денешниот ден, додека за утре веќе се откажани повеќе од 5.000 летови низ целата територија на САД.
Надлежните комунални служби предупредуваат и на можни прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради мразот кој ги оптоварува дрвјата и далекуводите. И по поминувањето на најсилниот бран, постои ризик од паѓање на оштетени гранки и електрични инсталации, што дополнително може да ја влоши состојбата.
Метеоролозите најавуваат дека најинтензивните удари на бурата се очекуваат токму за време на викендот, со обилни снежни врнежи, замрзнат дожд и силни ветрови, што дополнително ќе го отежне сообраќајот и секојдневното функционирање во погодените региони.
