Според најновите прогностички модели, по 17 март можно е нагло спуштање на ладен бран од север кон Балканот, што би донело значително заладување и во Македонија.
Метеорологозите предупредува дека во вакво сценарио постои можност за враќање на зимските температури, како и појава на снег на планинските и повисоките места, но и утрински мразеви.
Според моменталните прогнози, снег би можел да се појави и во подрачја со помала надморска височина, односно на места под 1000 метри, доколку студениот воздух се задржи подолго над регионот.