Жители на украинските села принудно одведени во Русија

Руски сили киднапирале околу 50 жители на село во Сумската област, Украина, за време на прекуграничен напад. Повеќето од насилно одведените се постари лица, додека Русија не го коментира случајот

Руски сили киднапирале и одвеле во Русија околу 50 жители на едно украинско село за време на прекуграничен напад во саботата навечер во Сумската област на североистокот на Украина, соопшти денеска украинската армија.

Повикувајќи се на украинските медиуми, британската агенција Ројтерс пренесе дека руските сили извршиле упад на украинска територија во саботата навечер во областа на селото Храбовске.

Повеќето од насилно одведените жители се постари лица, додаваат медиумите. Ројтерс не бил во можност независно да ги потврди овие извештаи. Русија не коментирала за случајот.

Последните месеци, руската војска зазеде неколку села во Сумската област, каде што исто така гранатира многу градови.

Началникот на регионалната воена администрација, Олег Григоров, изјави на Телеграм дека властите започнале евакуација на жителите на граничните села кои претходно одбиле да заминат.

Тој не прецизирал кои села се погодени, но ги повикал жителите да ги следат наредбите за евакуација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни