„Жикината династија“ се враќа: Кои се новите Жика и Милан во продолжението на легендарната комедија

Омилената балканска комедија се враќа! Дознајте кои актери ги толкуваат новите Жика и Милан и кои познати ликови се враќаат на големото платно.

Почетокот на декември ќе донесе вистинска носталгија во киносалите ширум Србија – премиерата на филмот „Повратокот на Жикината династија“ е закажана за 2 декември во Сава центар, Белград.

Ова легендарно филмско остварување, кое со години ја освојуваше публиката и обележа неколку генерации, добива ново поглавје исполнето со хумор, емоции и семејни вредности.

Во новиот дел повторно го следиме Миша Павловиќ, ликот што повторно го глуми Никола Коjo. Овојпат, во посета му доаѓаат неговите синови – кои ги носат познатите имиња Жика и Милан, по своите прадедовци.

Миша долго не ги видел бидејќи живеат со мајка им Наташа во Москва, но нивното доаѓање ќе донесе „нова луда година“ – полна со комични ситуации, авантури и семејна топлина.

Публиката повторно ќе има можност да ги види и омилените ликови Фрау Елза (Весна Чипчиќ) и Боба (Владимир Петровиќ), како и цела низа познати актери: Данијела Димитровска, Срѓан Тимаров, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Гала Виденовиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Љиљана Стјепановиќ, Милена Предиќ, Тамара Радовановиќ, Мина Ненадовиќ, Катарина Вељовиќ, и младите надежи Никола Бруна и Гаврило Иванковиќ.

Билетите за премиерата ќе бидат достапни од 24 октомври на сите продажни места на Tickets, како и преку официјалниот сајт и билетарницата во Сава центар.

Филмот е во режија на Милан Коњевиќ, сценариото го потпишува Милена Марковиќ, а продуценти се Милан Тодоровиќ, Огнен Ракчевиќ, Горан Пековиќ и Јован Марковиќ. „Повратокот на Жикината династија“ е продукција на Talking Wolf Productions, Olimp produkcija и FIT, со поддршка од Филмскиот центар на Србија и платформата Apolon, додека дистрибуцијата ја води Art Vista.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни