Жесток ирански напад врз израелски град: Шест загинати, 20 повредени

Според израелската итна помош, во нападот се повредени 23 лица, меѓу кои две се во тешка состојба. Две лица се сериозно повредени, а 18 имаат полесни повреди.

Најмалку шест лица загинаа во ударот на иранска балистичка ракета врз израелскиот град Беит Шемеш, недалеку од Ерусалим.

Според израелската итна помош, во нападот се повредени 23 лица, меѓу кои две се во тешка состојба. Две лица се сериозно повредени, а 18 имаат полесни повреди.

Армијата соопшти дека на местото на нападот испратила сили за пребарување и спасување, медицински тимови и хеликоптер за евакуација на повредените.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа моментот кога проектилот ја погодува целта.

Беит Шемеш е град во централен Израел, западно од Ерусалим, со околу 150.000 жители. Градот се наоѓа помеѓу Тел Авив и Ерусалим и во последните години често бил цел на ракетни напади за време на ескалации на конфликтите во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни