Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад

Францускиот актер Жерар Депардје (76), еден од најпознатите ликови во француската кинематографија, е осуден на 18 месеци условна затворска казна од судот во Париз, поради сексуален напад врз две жени на филмски сет во 2021 година.

Депардје е прогласен за виновен за недолично допирање на 54-годишна сценографка и 34-годишна асистентка за време на снимањето на филмот „Зелени капаци“. Една од жртвите, Амели К., сведочеше дека актерот ја фатил со двете нозе, ја допирал по целото тело, вклучително и по градите, и ѝ упатувал експлицитни сексуални коментари. „Бев преплашена, а тој само се смееше“, рече таа пред судот.

Судот ги зема предвид изјавите на двајца сведоци кои ја потврдија нејзината приказна, додека одбраната на Депардје беше оценета како контрадикторна и неубедлива. И покрај тоа што актерот ги негираше обвиненијата, судијата Тјери Донар изјави дека неговото сведочење не одговара на доказите.

Адвокатот на Депардје најави жалба на судската одлука.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни