Жаба која постои од времето на диносаурусите се соочува со истребување поради човекот

Џиновски вид жаба што скокала заедно со диносаурусите и се смета за „жив фосил“ сега е егзистенцијално загрозена бидејќи климатските промени и човечката интервенција го оштетуваат нејзиното живеалиште во Чиле.

Calyptocephallela gayi, или водена жаба со шлем, е една од најголемите жаби во светот – со должина од над 30 см и тежина до еден килограм.

Со милиони години, овој водоземец немал големи генетски варијации, но сега неговата иднина е загрозена, велат научниците.

„Тажно е што еден вид кој успеа да коегзистира со диносаурусите, кој успеа да се спротивстави на масовното истребување, сега е загрозен од човечки суштества“, изјави Мелиса Канчино, основач на Proyecto Anfibia, група посветена на истражување и заштита на водоземци во Чиле.

Овие жаби живеат од северниот регион Кокимбо до јужниот остров Чилое, но се смета дека нивната популација е намалена за најмалку 30 проценти од 1990 година и е наведена како „ранлива“ од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Факторите како што се климатските промени, деградацијата на животната средина и загадувањето предизвикаа опаѓање на бројот на овие жаби, рече Кансино. Околината во која живеат жабите е исто така загрозена од лошото управување со водата и отпадот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни