Зградата на РТС цел ден под блокада, студентите се слушаа и за време на централниот дневник

Студентите кои синоќа околу 23 часот го блокираа влезот во зградата на РТС, ноќта ја минаа пред јавниот сервис. Граѓаните од утрово во се поголем број доаѓаат да им се придружат на студентите, а дел од нив се и од синоќа.
Фото: X/@M2aja

Тие направиле човечки ѕид и не им дозволуваат на вработените да влезат во зградата, но секој што сака може да ја напушти. Пред зградата на јавниот сервис им се обратија дел од вработените во РТС кои ги поддржуваат студентите и ги повикаа колегите да им се придружат.

Додека траеше централната информативна програма на РТС, пред јавниот сервис се крена врева, а студентите и насобраните извикуваат „Уа“ и „Излезете“.


Во понеделникот вечерта беше блокиран влезот во зградата на РТС. Синоќа програмата се емитуваше од Кошутњак, а денеска, како што јави репортерката на Н1, се емитува од Таквовска 10.

Првичната најава е дека протестот ќе трае 22 часа, односно дека ќе заврши денес во 21 часот.

„Никој не е уморен, РТС е блокиран“ извикуваат студентите кои се собрани пред телевизијата.

Студенти во Нови Сад синоќа ја блокираа Радио Телевизија Војводина во знак на солидарност со оние во Белград, а студенти во Крагуевац ја блокираа Радио телевизија Крагуевац.

Студентите од толпата закачија транспарент на балконот на кој пишуваше „Радио телевизија на студентите“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни