Зголеменото производство на фосилни горива ги загрозува климатските цели

Нови податоци од извештајот „Production Gap 2025“ покажуваат дека владите ширум светот планираат да ја зголемат експлоатацијата на јаглен, нафта и гас во наредните децении, што директно ја поткопува можноста за остварување на глобалната цел за ограничување на затоплувањето на 1.5°C.
A coal fired power plant on the Ohio River just West of Cincinnati


Анализата опфаќа 20 земји кои произведуваат околу 80% од глобалните фосилни горива – меѓу нив САД, Русија, Кина, Саудиска Арабија, Канада, Бразил и Австралија. Од нив, само Велика Британија, Австралија и Норвешка имаат планови за намалување на производството до 2030 година, додека 11 земји го зголемиле нивото на планирано производство споредено со 2023 година.

Според експертите од Стокхолмскиот институт за животна средина (SEI), светот е на пат да произведе двојно повеќе фосилни горива до 2030 година отколку што е дозволено доколку сакаме да го задржиме глобалното затоплување под критичната граница од 1.5°C.

„Производството на фосилни горива веќе требаше да биде во опаѓање. Секое одложување значи поголем притисок врз климата и иднината“, предупредува Емили Гош од SEI.

Извештајот доаѓа во пресрет на новиот климатски самит на ОН во Бразил (COP30), каде што од земјите се очекува да достават нови национални планови за климатски акции до 2035 година.

Во меѓувреме, инвестициите во нискојаглеродни индустрии заостануваат – од 700 идентификувани проекти, само 15 годишно добиваат доволно финансирање за да преминат во полна реализација.

Стручњаците предупредуваат дека без брзо пренасочување на ресурсите од фосилни горива кон праведна енергетска транзиција, светот се соочува со климатски хаос и сериозни економски последици.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни