Зголемената телесна тежина кај децата станува сериозен здравствен проблем во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци за исхраната и здравствената состојба на најмладите.
Според студијата презентирана од Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден на дебелината, повеќе од 31 процент од децата на возраст од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, додека приближно 14 проценти живеат со клинички определена дебелина — што е повисоко од просекот во некои европски земји.
Анализата открива и дека зголемената тежина е почеста кај момчињата отколку кај девојчињата, што укажува на различни обрасци во исхраната и физичката активност меѓу половите.
Овие загрижувачки резултати делумно се поврзани и со начинот на исхрана на децата. Само околу 25 проценти од децата секојдневно јадат свежо овошје, што е меѓу најниските стапки на дневна консумација во европскиот регион. Истата ситуација е и со внесувањето свеж зеленчук, што е важен дел од здравата и балансирана исхрана.
Експертите предупредуваат дека дождовите навики за исхрана и зголемена телесна тежина може да доведат до долгорочни здравствени ризици, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и други хронични состојби, ако не се преземат соодветни мерки за превенција и промоција на здрави навики уште од најрана возраст.