Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот. Почина музичарот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс, кој беше познат по своите настапи со групата „ДНК“.
Неговата смрт со неверување ја примија неговите пријатели, колеги и обожаватели, кои на социјалните мрежи споделуваат пораки на сочувство.
Со ова, бројот на загинати во разорниот пожар се искачи на 59 лица, додека 155 повредени се хоспитализирани во болниците низ Македонија.
Пожарот избувна во преполниот клуб во доцните вечерни часови, а сведоците велат дека огнот брзо се проширил, оставајќи малку време за бегство. Меѓу жртвите се и познати македонски музичари, членови на „ДНК“, кои во моментот на несреќата биле на сцената.