Регионот на Киргистан денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 6:38 часот по локално време.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од десет километри, 153 километри југоисточно од главниот град на Киргистан, Бишкек.