Два силни земјотреси го погодија источниот брег на Камчатка, се страува од цунами

Уште еден земјотрес во истото подрачје, со јачина од 6,7 степени, бил регистриран дваесет минути порано, во 16:28 часот по локално време.

Земјотрес со јачина од 7,4 степени е регистриран денеска во Русија, кај источниот брег на Камчатка, во 16:49 часот по локално време, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 20 километри, 133 километри источно од Петропавловск Камчатски.

Според EMSC, постои ризик од цунами.

Уште еден земјотрес во истото подрачје, со јачина од 6,7 степени, бил регистриран дваесет минути порано, во 16:28 часот по локално време.

Според сведочења на жители од Камчатка, објавени на веб-страницата на EMSC, првиот потрес се чувствувал „прилично силно и долго“, додека вториот потрес бил опишан како „катастрофа“, по која луѓето истрчале надвор од своите домови.

Руското регионално Министерство за вонредни ситуации соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни