Зеленски: Веднаш би се повлекол од функцијата за мир или членство во НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би размислил за повлекување од функцијата доколку тоа би донело мир на неговата земја. Тој, во саркастичен тон, додаде дека би ја заменил својата позиција за влез на Украина во НАТО.
Фото: X/@ZelenskyyUa

„Ако повлекувањето од мојата функција е цената за мирот во Украина, подготвен сум да го направам тоа. Исто така, ако членството во НАТО е можност, би ја направил таа размена веднаш. За мене, најважна е безбедноста на земјата во овој момент, а не некои долгорочни политички планови. Не планирам да бидам на власт со децении“, изјави Зеленски.

Тој нагласи дека очекува американскиот претседател Доналд Трамп да биде вистински партнер на Украина, а не само посредник меѓу Киев и Москва.

„Би сакал да биде нешто повеќе од обичен посредник… тоа не е доволно“, изјави Зеленски за време на прес-конференцијата во Киев.

Говорејќи за нацрт-договорот за ретки минерали, тој посочи дека Украина би требало да врати два долари за секој долар американска помош.

Зеленски додаде дека преговорите се во тек и дека е „логично“ да се очекува американско воено присуство во Украина доколку договорот за минерали се третира како дел од пошироки безбедносни гаранции.

Тој исто така откри дека 15 милијарди долари од претходно ветената воена помош од САД сè уште не се испорачани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни