Зеленски: Уште нема договор за Донбас

Зеленски потврди дека договор за клучното прашање за територијата во источниот украински регион Донбас сè уште не е на повидок

Иако се во тек мировни преговори под покровителство на САД, договор за клучното прашање за територијата во источниот украински регион Донбас сè уште не е на повидок, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Блумберг њуз“.

Во телефонско интервју, Зеленски појасни дека елементите од американскиот предлог бараат понатамошни дискусии за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги и безбедносните гаранции за регионите Донецк и Луганск. „Постојат визии за САД, Русија и Украина – и ние немаме единствен став за Донбас“, изјави тој.

Изјавата доаѓа кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази „мало разочарување“ што Зеленски очигледно сè уште не го прочитал предлогот. Трамп, исто така, изрази верување дека украинскиот претседател не е подготвен да го потпише договорот.

За потсетување, едно од најконтроверзните прашања во почетниот американски мировен план од 28 точки беше барањето Украина да направи значителни територијални отстапки кон Русија, што би вклучувало отстапување на целиот Крим и регионите Луганск и Донецк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни