Зеленски: Украина не може да ја гарантира безбедноста на странските лидери на 9 Мај во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва ја сноси целосната одговорност за безбедноста на странските лидери кои ќе ја посетат Русија по повод комеморациите за Денот на победата на 9 мај.
Фото: X/@ZelenskyyUa

„Нашиот став е многу едноставен кон сите земји што патувале или патуваат во Русија на 9 мај – не можеме да преземеме одговорност за она што се случува на територијата на Руската Федерација. Тие ја гарантираат вашата безбедност“, изјави Зеленски на прес-конференција.

На 9 мај, Русија традиционално го одбележува Денот на победата над наци-фашизмот со голема воена парада во Москва. Секоја година, Русија поканува странски делегации, вклучително и лидери од поранешниот советски простор, но годинава нивното присуство е политички почувствително поради војната во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни