Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска до украинскиот парламент односно Врховната рада, достави предлози на закони за продолжување на важноста на воената состојба и општата мобилизација во земјата.
Како што пренесува украинската новинска агенција „Укринформ“, на официјалната интернет-страница на парламентот се објавени два законски предлози од 12 јануари 2026 година. Предлог-законот со број 14366 се однесува на потврдување на указот на претседателот за продолжување на воената состојба во Украина, додека предлогот со број 14367 се однесува на продолжување на општата мобилизација.
Двата предлог-закона се доставени на разгледување до надлежниот парламентарен одбор, по што се очекува нивно ставање на дневен ред на Врховната рада.
