Зеленски постави ултиматум за договорот за минералите со Америка

Зеленски изјави дека Киев од Вашингтон добил нацрт-договор за вредните украински ресурси. Меѓутоа, според украинскиот портал Европска правда, понудениот договор може да биде во спротивност со критериумите за економски суверенитет кои Украина треба да ги исполни за да се приклучи кон ЕУ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина нема да се согласи на каков било договор за експлоатација на своите природни ресурси со Соединетите Американски Држави ако тоа го загрози украинскиот стремеж за членство во Европската унија.

„Тоа не може да биде прифатено“
Зеленски изјави дека Киев од Вашингтон добил нацрт-договор за вредните украински ресурси. Меѓутоа, според украинскиот портал Европска правда, понудениот договор може да биде во спротивност со критериумите за економски суверенитет кои Украина треба да ги исполни за да се приклучи кон ЕУ.


Ден порано, Financial Times објави дека најновиот американски предлог вклучува создавање заеднички инвестиционен фонд преку кој Вашингтон би имал контрола над сите украински минерални ресурси — вклучувајќи нафта, гас и клучна енергетска инфраструктура. Украинските функционери се плашат дека таквиот аранжман би го нарушил економскиот суверенитет на земјата.

Зеленски го нагласи својат ултиматум: „Ништо што може да го загрози пристапувањето на Украина во Европската унија не може да биде прифатено.“

Првата потпретседателка на владата и министерка за економија, Јулија Свириденко, изјави: „Работната верзија која ја примивме во основа ги одразува ставовите и пристапот на американските правни стручњаци. Сега го формулираме нашиот одговор.“

Во првата верзија на договорот, кој Киев претходно го прифатил, било предвидено дека половина од приходите од експлоатацијата на државните ресурси — вклучувајќи нафта, гас и логистичка инфраструктура — ќе се инвестираат во заеднички фонд кој ќе се користи за добробит на Украина. Меѓутоа, таа верзија не вклучуваше никакви безбедносни гаранции, што беше еден од клучните барања на Киев.

Договорот наводно требало да биде потпишан на 28. февруари, но тоа било одложено по несогласувањата меѓу Зеленски и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп. Трамп претходно спомена можност за искористување на украинските ретки метали како некаков вид компензација за американската воена помош.

Според проценките на Килска фондација, вкупната вредност на таа помош од почетокот на војната изнесува околу 123 милијарди долари. Администрацијата на Трамп повторно воведе клаузула според која Украина треба да го врати целиот тој износ — што Киев одбил да го признае како долг во контекст на преговорите за минералите.

Зеленски изјави дека Украина не ја прифаќа ретроактивната исплата на средствата кои веќе ги примила како помош, но е подготвена да договори поврат за евентуална иднина помош. Договорот треба да помине и низ гласање во украинскиот парламент, а клучните разлики, вклучувајќи безбедносни гаранции и зачувување на економскиот суверенитет, сè уште не се решени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни