Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можно продолжување на преговорите веќе следната недела

По дводневните трипартитни разговори во Абу Даби, украинскиот претседател најави можни нови средби, додека руските напади врз Украина продолжуваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека дводневните трипартитни разговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, одржани во Обединетите Арапски Емирати, завршиле со „конструктивни дискусии за можните параметри за завршување на војната“.

„Сите страни се согласија да ги информираат своите главни градови за сите аспекти од разговорите и да ги координираат понатамошните чекори со своите државни раководства“, напиша Зеленски на Телеграм по завршувањето на средбите во Абу Даби.

Според него, воените претставници веќе ги дефинирале темите за можен следен состанок, кој би можел да се одржи уште наредната недела. Зеленски истакна дека постои „заедничко разбирање за потребата од американско следење и надзор на процесот на завршување на војната, со цел обезбедување реална безбедност“.

Во разговорите учествувале американските изасланици Стив Виткоф и Џаред Кушнер, од украинска страна секретарот на Советот за национална безбедност Рустем Умеров и шефот на воената разузнавачка служба Кирил Буданов, додека Русија била претставена од воени делегации.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ претходно соопшти дека разговорите се дел од пошироки напори за зајакнување на дијалогот и пронаоѓање политичко решение за конфликтот.

Во меѓувреме, борбите на терен не стивнуваат. Во утрински напад со дрон врз Киев, една лица загина, а четири беа повредени, соопштија украинските власти. Во Харков, пак, во слични напади биле ранети најмалку 27 лица.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека Русија испраќа спротивставени пораки.

„Цинично, Путин нареди масовен ракетен напад токму во моментот кога делегациите се состануваат во Абу Даби за да го унапредат мировниот процес. Ракетите не го погодија само нашиот народ, туку и самата преговарачка маса“, напиша Сибиха на мрежата X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни