Зеленски го прифати Велгиденското примирје и предложи: Наместо 30 часа, да трае 30 дена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот што денеска го објави рускиот претседател Владимир Путин — но само доколку и Русија навистина го почитува.
Фото: X/@ZelenskyyUa

„Ако навистина дојде до целосен прекин на огнот, Украина предлага да се продолжи и по Велигден, 20 април. Тоа ќе ги открие вистинските намери на Русија – затоа што 30 часа се доволни за да се влезе во вестите, но не и за вистински мерки за градење доверба. Триесет дена може да му дадат шанса на мирот“, изјави Зеленски во објава на платформата Х.

Тој нагласува дека, според извештаите на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, руските офанзивни операции не престанале, туку продолжуваат, а не стивнуваат ниту артилериските напади.

„Затоа, не им веруваме на зборовите на Москва. Премногу добро знаеме како Москва манипулира и подготвени сме на сè“, додава украинскиот претседател.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни