Зеленски го критикува предлогот на САД за Донбас

Украина под притисок за повлекување од Донбас и создавање слободна економска зона, без гаранции за безбедност.
epa12510807 Ukrainian President Volodymyr Zelensky and members of the High Command General Headquarters attend a briefing for journalists in Kyiv, Ukraine, 07 November 2025. Zelensky spoke about the situation on the frontlines and in the country following Russia's attacks on energy facilities. EPA/STRINGER

САД ја притискаат Украина да ги повлече своите трупи од Донбас, а делот што сѐ уште го контролираат да биде претворен во слободна економска зона, изјави Володимир Зеленски.

„Во првичниот мировен план, Вашингтон предлагаше Украина да го предаде Донбас во целост, а сега предлага компромис во кој украинската војска би се повлекла, а руските сили не би продолжиле со напредувањето. Тие не знаат кој би управувал со таа територија што ја нарекуваат слободна економска зона или демилитаризирана зона“, кажа Зеленски.

Тој додаде дека не верува дека овој план е правичен без цврсти гаранции дека руските трупи нема да ја заземат зоната откако украинските сили ќе се повлечат.

„Ако трупите на едната страна мора да се повлечат, а другата страна остане таму каде што е, тогаш што ќе ги запре овие другите, Русите? Или што ќе ги спречи да се преправат дека се цивили и да ја преземат оваа слободна економска зона? Сето ова е многу сериозно. Не е факт дека Украина би се согласила на тоа, но ако зборуваме за компромис, тогаш тоа мора да биде фер компромис“, рече Зеленски.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека најновиот нацрт-мировен план за Украина му е презентиран на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи предлог за територијални отстапки на кои што Киев можеби е подготвен.

„Сепак, територијалното прашање е прашање на кое првенствено мора да одговорат украинскиот претседател и украинскиот народ. Му го разјаснивме ова на претседателот Трамп“, кажа Мерц.

Во последните недели европските лидери тесно соработуваа со Украина за да смислат нова верзија на мировен план, што ќе одговара на интересите и грижите на Киев.

„Тоа не е конечен план, тоа е реакција на она што го добивме. Планот постојано се разработува и ова е континуиран процес, што сè уште е во тек“, кажа Зеленски.

Тој е под огромен притисок од Трамп да го потпише мировниот план на САД. Во последните денови, Трамп го нападна Зеленски, тврдејќи дека „не го ни прочитал“ мировниот план и сугерираше дека нема легитимитет и дека Украина треба да одржи избори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни