Зеленски: Го држиме фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека силите на Киев се држат на терен во рускиот пограничен регион Курск и покрај рускиот притисок.
Фото: President Of Ukraine/Flickr

Украинските сили држат дел од регионот по упадот на почетокот на август.

„Во врска со операцијата Курск, имаше обиди на Русија да ги потисне нашите позиции, но ние ги држиме линиите“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Тој исто така рече дека ситуацијата за украинските сили во источниот регион Доњецк и јужниот регион Запорожје е „многу тешка“.

Зеленски, потенцираше дека со помош на западните инвестиции, сака значително да го прошири производството на оружје во неговата земја.

„Нашиот индустриски капацитет ни овозможува да произведеме многу повеќе беспилотни летала, повеќе гранати и воена опрема отколку што дозволуваат финансиските можности на нашата земја“, рече Зеленски.

Тој им се заблагодари на сите партнери кои веќе инвестирале во украинската одбранбена индустрија. „Благодарение на овие инвестиции, значително го зголемивме производството, особено на дронови“, рече украинскиот претседател.

Претходно оваа недела, Русија објави дека нејзините сили повторно зазеле две села во областа Курск.

Украина соопшти дека има цел да создаде тампон зона во Курск за да го запре руското гранатирање на украинските погранични региони. Зеленски, исто така, рече дека Киев има цел да ги извлече руските сили од источната линија на фронтот во Украина Донбас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни