Здружението на педијатри на Србија денеска соопшти дека ги поддржува студентските барања, оценувајќи ја нивната борба како надпартиска.
Во соопштението, Здружение наведе дека изразува почитување кон ентузијазмот, социјалната и интелектуалната зрелост и упорноста што академците ја покажале во изминатиот период.
„До вчера ние ги лекувавме нив, утре ќе нè лекуваат тие нас, а веќе денес изгледа дека го лекуваат целото општество. Светот останува на младите, а изгледа дека со ваквите млади, светот ќе биде добро. Сведочиме на смена на генерации и изгледа дека на социјалната сцена излегуваат покреативни и попосветени од нас – нивните претходници“, стои во соопштението.