Здружението на педијатри на Србија со поддршка на протестите: Студентите го лекуваат целото општество!

Светот останува на младите, а изгледа дека со ваквите млади, светот ќе биде добро. Сведочиме на смена на генерации и изгледа дека на социјалната сцена излегуваат покреативни и попосветени од нас


Здружението на педијатри на Србија денеска соопшти дека ги поддржува студентските барања, оценувајќи ја нивната борба како надпартиска.

Во соопштението, Здружение наведе дека изразува почитување кон ентузијазмот, социјалната и интелектуалната зрелост и упорноста што академците ја покажале во изминатиот период.

„До вчера ние ги лекувавме нив, утре ќе нè лекуваат тие нас, а веќе денес изгледа дека го лекуваат целото општество. Светот останува на младите, а изгледа дека со ваквите млади, светот ќе биде добро. Сведочиме на смена на генерации и изгледа дека на социјалната сцена излегуваат покреативни и попосветени од нас – нивните претходници“, стои во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни