Здружението на композитори на Србија соопшти дека дава безрезервна поддршка на студентите на уметничките и другите факултети во нивните барања, со осуда на секој вид насилство и потиснување на правото на слобода на мислење и изразување.
„Оштро го осудуваме нападот врз музичарите на Београдската филхармонија и им ја даваме поддршката на повредените членови на оркестарот. Нашето општество е зафатено со длабока криза, а ние како институција со долгогодишна традиција на дејствување во културата, ја подигаме нашиот глас за повторно воспоставување на срушените системи на вредности“, беше порака од денешната седница на Собранието на Здружението на композитори на Србија.