Германскиот јавен радиодифузер ЗДФ денеска соопшти дека вработен во неговата палестинска партнерска организација, кој беше убиен минатата недела во Газа, бил член на исламистичката група Хамас.
Израел достави докази за членството на човекот во милитантната група. Секоја соработка со Палестинската медиумска продукција (ПМП), каде убиениот беше вработен како инженер, е суспендирана, се наведува во соопштението на ЗДФ.
ЗДФ и ПМП соработувале со децении.
Германскиот таблоид „Билд“ повикувајќи се на израелски воени извори, објави дека убиениот, кој бил член на военото крило на Хамас, не бил случајна жртва, „туку бил конкретно цел“.