Заврши рекордната блокада на Владата на САД

Потписот на претседателот Доналд Трамп стави крај на најдолгото затворање на Владата на Соединетите Американски Држави во историјата.

Трамп го потпиша клучниот буџетски закон само неколку часа откако тој беше изгласан во Претставничкиот дом, откако претходно помина и во Сенатот. Законот овозможува продолжување на финансирањето на државните услуги и враќање во функција на сите погодени институции.

При гласањето во двата дома на Конгресот, на Републиканците – кои имаат мнозинство – им се приклучи значителен број пратеници од Демократската партија, што овозможи негово брзо усвојување.

Договорот беше постигнат во текот на викендот, откако дел од демократите во Сенатот се приклучија кон републиканците со цел да се обезбеди враќање на федералните службеници на работа и рестартирање на основните јавни услуги.

Тековната блокада, која траеше 43 дена, претставува најдолгото затворање на американската влада досега. Претходниот рекорд, од 35 дена, исто така се случи за време на првиот мандат на Доналд Трамп, кој завршуваше во јануари 2019 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни