Завршена блокадата на „Аутокоманда“, студентите се вратија на факултетите

По завршувањето на протестот, студентите го собраа сето ѓубре и се враија на факултетит


Блокадата на најголемата раскрсница во Србија, Аутокоманда, која траеше 24 часа, заврши во 10 часот. Голем број студенти ја блокираа кружната раскрсница, а им се придружија и граѓаните, но и земјоделци кои од рано утро дојдеа со тракторите.

Освен еден инцидент, атмосферата во текот на целиот ден била позитивна, студентите играле баскет, тенис, одбојка… Во текот на ноќта им се придружиле и моторџии, таксисти. Утрово веќе од пет часот, станарите на околните згради им носеле утринска кафа. Во утринските часови, возачите ги поздравувале со сирени.

По завршувањето на протестот, студентите го собраа сето ѓубре и се враија на факултетите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни