Токму едно такво место, мирното рибарско село Завала на островот Хвар, се најде на врвот на најновата листа на Time Out за најпотценети плажи во Европа.
На прв поглед, Завала не ветува многу, нема луксузни клубови, ниту големи хотели. Но оние кои еднаш ќе стапнат на нејзиниот топол каменест брег и ќе погледнат во кристално бистрото море, веднаш ќе разберат зошто овој тивок агол на Хрватска полека, но сигурно го освојува светот.
Никнувајќи скромно помеѓу ридовите и морето, Завала со години беше тешко достапна – се до изградбата на тунелот Питве–Завала, кој го поврза јужниот дел на Хвар со остатокот од островот. Тоа го отвори патот кон некои од најубавите, но најмалку посетувани плажи во регионот.
„Она што Завала можеби го нема во инфраструктура, го има во природна магија“, пишува патописецот Џон Билс, кој ја вклучи оваа плажа на самиот врв од својата листа.
Таму времето тече побавно. Морето мириса посилно. Секоја вечер завршува со боите на зајдисонцето што се преливаат по површината на морето. А ако некој сака малку повеќе авантура, тука е и островот Шчедро – тивок, речиси ненаселен, со мали заливи што изгледаат како да се исечени од разгледница.
Завала не е за секого. Таа не вика гласно. Но токму затоа е толку посебна. За оние кои ќе ја откријат – останува како тајна што не се раскажува секому.
Извор: N1info.rs