Затворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025

Под слоганот „Еден збор – еден свет“, фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот

Вчета вечер, со доделувањето на наградите и изведбата на претставата КУФЕР.МК, официјално беше затворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025.

Под слоганот „Еден збор – еден свет“, фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот.

Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да проследи 10 монодрамски остварувања, а меѓународното жири, составено од Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија), ги додели следните награди:

Гран при на фестивалот: „Лирско вилинско коњче“, Театар МикрОпера – Сарагоса, Шпанија.

Најдобар актер: Роналд Ранд, САД, за претставата „Нека биде уметност!“ 

Најдобра режија: Невена Митева, Бугарија, за претставата „Декамерон“

Дополнително, публиката ја додели својата награда на претставата „Декамерон“ во изведба на Ана Петрова, Државен куклен театар – Сливен, Бугарија.

На свеченото затворање, директорот Влатко Илиевски упати благодарност до сите учесници, институции, спонзори, публика и особено до тимот на Центарот за култура – Битола, без чија посветеност фестивалот не би бил можен.

Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот ѝ беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни