Затворени гласачките места на вториот круг локални избори на Косово

Во 18 општини на Косово се одржа вториот круг локални избори. До затворањето на гласачките места гласале 32,15% од бирачите, а во Клокот излезноста беше 27%.

Во 18 општини на Косово денес се одржа вториот круг локални избори за градоначалници. Гласачките места беа затворени во 19 часот.

Според податоците од Централната изборна комисија во Приштина, до затворањето на гласачките места излезноста изнесувала 32,15%, односно гласале 423.316 од 1.316.672 бирачи со право на глас. Во споредба со првиот круг, бројот на излезени бирачи е помал.

Во Клокот, единствената српска општина во која се одржува вториот круг, излезноста беше околу 27%, додека во Приштина, најголемиот град на Косово и Метохија, гласале 91.429 бирачи од 222.418, или 41,11%.

Граѓаните можат да гласаат со лична карта, возачка дозвола или пасош издаден од привремените институции во Приштина.

Локалните избори се сметаат како тест за евентуални избори за парламент на Косово и Метохија, во случај движењето Самоопределување повторно да не успее да формира влада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни