Затворен дел од булеварот „Македонија“ во Скопје поради градежни работи – граѓаните со алтернативни рути

Поради поставување завршен слој на коловозот, денес ќе биде затворен дел од булеварот „Македонија“ во Скопје од Стара Рампа до Црвениот Крст, информира Град Скопје.

Поради градежни активности, денес во раните утрински часови целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Македонија“ во Скопје, информираат од Град Скопје. Затворањето се однесува на потегот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвениот Крст, каде ќе се изведуваат работи за поставување на завршниот слој на коловозот, во рамки на првата фаза од проектот.

Од надлежните апелираат до граѓаните да покажат трпение, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци за движење низ градот.Според најавите, оваа фаза треба да придонесе за подобра проточност на сообраќајот, намалување на метежот и побезбедно движење по новиот коловоз.

По целосната реализација на проектот, Скопје треба да ја добие првата подземна сообраќајница, што се оценува како значаен инфраструктурен чекор за градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни