Трн: Што е Linker и каква платформа претставува?
Ана: Линкер е првата платформа во Македонија за студентска работа направена од страна на студенти на УКИМ, која има една цел, да им овозможи на студентите полесно да дојдат до работни позиции кои одговараат на нивните потреби, а на бизнисите полесно да дојдат до млад и мотивиран кадар. Линкер им нуди неколку услуги на студентите како можност да најдат работа која ќе биде прилагодлива на нивните обврски и факултет, можности за професионален и личен раст, финансиска независност и стекнување нови вештини. Линкер го креиравме за да биде линкот (врската) помеѓу сите бизниси и сите студенти, па така секоја компанија што нуди флексибилна работа, студентска пракса или вработување за студенти е добре дојдена на нашата платформа.
Трн: Како студентите можат да се пријават за работа преку Linker?
Ана: За да влезат во платформата студентите треба да се регистрираат преку Discord, да изберат работни позиции според своите интереси, и да ги видат веќе објавените огласи или да очекуваат известувања за нови огласи. Процесот е едноставен и лесен. Платформата е отворена за сите студенти, без разлика на искуството, овозможувајќи им пристап до работни места кои одговараат на нивните вештини и потреби. Доколку се потребни специфични квалификации, ги пишуваме во самиот оглас. Времето потребно на студентите да најдат работа зависи од достапните огласи и специфичните барања на студентите и работодавците.
Трн: Какви се предностите на користење на Linker за студентите?
Ана: Предноста од користењето на Линкер е главно можноста да се најде работа со која студентите ќе можат да направат баланс меѓу работните обврски и учењето, да најдат работа за кратко време, можност за развивање нови вештини и зголемување на професионалната мрежа. Работните часови се договараат директно помеѓу студентот и работодавецот, овозможувајќи флексибилност според индивидуалните потреби. На линкер можат да се најдат работно позиции за пола работно време, работа на проекти, студентски пракси, работа за време на викенди, во главно може да се најде работа со која студентот може да избере кога ќе работи.

Трн: Дали платформа Linker има поддршка за развој на кариерата?
Ана: Да, платформата ја поттикнува професионалниот развој преку поврзување со релевантни работодавци и обезбедување можности за стекнување нови вештини. Линкер е директна врска помеѓу студентите и компаниите, вклучително и старт-апи, корпорации и мали бизниси, нудејќи широка мрежа на контакти.
Трн: Како функционира процесот на плаќање за работата најдена преку Linker?
Ана: Плаќањето се одвива директно меѓу работодавецот и студентот. Платформата само го олеснува поврзувањето.
Трн: Како студентите можат да се истакнат на платформата?
- Дали платформа Linker овозможува додадени услуги, како што се напишување на CV или лични консултации?
Ана: Во моментот платформата не им овозможува на студентите докажување или споделување на CV. Сите потребни документи студентите ги испраќаат на наведените мејл адреси или ја контактираат компанијата на оставениот контакт број. Понатаму интервјуата и селекцијата на кандидатите си ја вршат самите работодавачи.
Трн: Дали се вклучени некои можности за работа на проекти или соработка со други студенти?
Ана: Платформата поддржува проектни ангажмани, кои може да вклучуваат тимска работа, па доколку огласот нуди таква можност, нема да има пречка од наша страна да се пријават студенти како тим.
Трн: Дали постојат било какви ограничувања во однос на типот на работа што може да се најде на Linker?
Ана: Платформата е отворена за разни индустрии и видови работни места како продавници и маркети, кафулиња, барови, ресторани, пицерии и кафани, хотели и сместување, туристички агенции, машинска индустрија, ИТ компании, уметност и култура, фармација, маркетинг итн.
Трн: Како се обезбедува безбедноста на студентите и работодавците преку платформата?
Ана: Сите огласи се одобрени од тимот за осигурување на квалитетот, а податоците се доверливо обработени. Исто така имаме посебен канал во кој можат работодавците и студентите да пријават проблем и злоупотреби.
Трн: Како можат компаниите да постават оглас?
Ана: Во Discord серверот има опција „Објави оглас“, каде што компаниите треба да пополнат форма на Google Forms за огласот со деталите за работната позиција. Линкот до формата може да го најдат на Discord, веб страната и на сите социјални мрежи. Сите огласи поминуваат низ процес на одобрување од тимот на Линкер за да се осигури нивната
соодветност и квалитет. По одобрувањето, огласот е видлив за студентите на
платформата, а на работодавецот му се испраќа мејл дека неговиот оглас е поставен и може да го види истиот на платформата.
Трн: Како може студентот да се поврзе со поддршка на платформата ако има прашања или проблеми? Дали има некои канали за поддршка, како што се онлајн чат, телефон или e- mail?
Ана: Имаме 24 часовна поддршка на Discord, е-mail, како и на социјалните мрежи Instagram, TikTok, Facebook. Исто така на Discord имаме поставено телефонски броеви на кои можат да се јават во било кое време.
Може да не најдете на:
Discord https://discord.gg/Z6cWmqQS
Контакт телефон 079399155
Меил Адреса linkermkd@gmail.com
ИНСТАГРАМ https://www.instagram.com/linker.mk
ЛИНКЕДИН https://www.linkedin.com/company/linkermk
ВЕБ СТРАНА www.linker.com.mk
ФЕЈСБУК https://www.facebook.com/linker.com.mk
ТИКТОК https://www.tiktok.com/@linker_mk