Започнуваат експерименти за „затемнување“ на Сонцето во борбата против глобалното загревање

Методите за „затемнување“ ќе вклучуваат распрскување аеросоли во високи делови на стратосферата за да се одбие дел од сончевата енергија од Земјата. Претходни студии покажале дека ова може да ја олади планетата на поевтин начин.

Властите на Обединетото Кралство ќе им дозволат на научниците да започнат експерименти за „затемнување“ на Сонцето, односно да го намалат количеството на светлина која паѓа на Земјата со цел да се намалат ефектите на глобалното загревање. Се очекува се дека за овие експерименти и анализи ќе бидат издвоени речиси 60 милиони евра.

Методите за „затемнување“ ќе вклучуваат распрскување аеросоли во високи делови на стратосферата за да се одбие дел од сончевата енергија од Земјата. Претходни студии покажале дека ова може да ја олади планетата на поевтин начин.

Друг метод кој се разгледува е „белеење“ на облаците за да ја одбиваат светлината.

Меѓутоа, некои експерти предупредуваат на можни последици, вклучувајќи потенцијално нарушување на временските услови.

Експериментот ќе го финансира Агенцијата за напредни истражувања (Aria), а за тоа ќе бидат издвоени речиси 60 милиони евра.

Професор Марк Симс, програмски директор на Aria, изјавил дека истражувањето ќе вклучува „мали, контролирани надворешни експерименти за секој пристап“.

„Еден од деловите кои ни недостасуваат во истражувањата се реални, физички докази од вистинскиот живот. Моделите не можат да ни го обезбедат тоа“, вели Симс.

Сè што ќе се преземе, нагласува, ќе биде целосно безбедно.

„Имаме строги безбедносни протоколи и временски ограничувања. Исто така, не ќе финансираме ослободување на токсични супстанци во животната средина“, додава Симс.

Експертите се надеваат дека, ако се покажат успешни, методите ќе можат да се применат на поширок план во наредните 10 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни