Започнува нова рунда преговори помеѓу Украина и САД во Саудиска Арабија

Кит Келог, изјави дека воената помош на САД кон Украина би можела да биде обновена кога ќе се потпише договорот.

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, допатува во Саудиска Арабија на разговори со украинскиот колега, неколку дена по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја прекине воената помош за Киев.

Рубио ќе престојува во Џеда од денес до среда за да „работи на остварување на целта на претседателот Трамп да ја заврши војната помеѓу Русија и Украина“, соопшти Стејт департментот, кој не го употреби изразот „руска инвазија на Украина“, кој Вашингтон го користеше пред Трамп да се врати на власт.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така најави дека ќе биде во Џеда, како и американскиот посланик за Блискиот исток, Стив Виткоф.

Рубио се сретна со рускиот колега, Сергеј Лавров, во Саудиска Арабија во февруари, што беше прва средба на овие двајца официјални лица на тој ниво по руската инвазија на Украина пред три години.

По вербалната конфронтација, која ја симболизираше дипломатската промена во Вашингтон, помеѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари, Американците ја суспендираа клучната воена помош што ја обезбедуваа за Киев, како и размената на разузнавачки податоци.

Трамп и Зеленски тогаш не го потпишаа долго очекуваниот договор за украинските минерални ресурси, но рано оваа недела американскиот преговарач за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека воената помош би можела да биде обновена кога ќе се потпише договорот.

По посетата на Саудиска Арабија, каде што треба да се сретне и со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, Рубио ќе отпатува во Канада на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г7), која вклучува – САД, Франција, Канада, Германија, Велика Британија, Јапонија и Италија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни