Започнува 39. издание на Меѓународната ликовна клонија „Јоаким Осоговски”

Во текот на една недела  уметниците ќе создаваат нови дела инспирирани од природната убавина и културното наследство

Од 25 јуни до 1 јули 2025 година, Осоговскиот  манастир кај Крива Паланка ќе биде домаќин на 39-то  издание на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски”, која претставува мост меѓу културите, креативноста и уметничкиот израз

И годинава, колонијата ќе собере истакнати ликовни уметници од Македонија и Европа. Меѓународен карактер на ликовната работилница и даваат уметниците Агнешка Казала  од Полска, Теодор Бузу од  Молдавија, Милош Декиќ  од  Србија /Словенија и Снежана Пешиќ Рангиќ од  Србија.

Македонската ликовна сцена ќе биде претставена од уметниците: Стефан Хаџи НиколовМариела АџигоговаИвана НастескиЛазо ЃорѓиевскиДејан Иванов Маргуш и Стефан Младеновски.

Во текот на една недела  уметниците ќе создаваат нови дела инспирирани од природната убавина, културното наследство и духот на манастирскиот комплекс.

Финалната изложба на дела ќе биде отворена за јавноста, а љубителите на уметноста ќе имаат ретка можност да се сретнат со авторите и да ја почувствуваат енергијата на креативното творештво одблиску.

Од минатата година ЛУ Градски музеј Крива Паланка, традиционално го претставува творештвото на по еден уметник-учесник на Осоговската колонија. Годинава, избор се делата на ликовниот творец  Дејан Иванов Маргуш, кој ќе се претстави  со изложбата „Пејзаж”, што ќе биде отворена на 28 јуни (сабота), со почеток во 20,30 часот, во уметничката галерија на музејот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни