Започнаа подготовките на новата претстава „Фамилија Адамс“ во Драмски театар

„Фамилија Адамс“ е насловот на претставата што ансамблот на Драмски театар Скопје започна да ја подготвува денес. Имагинарната Фамилија Адамс се најпознатите ликови што ги креирал американскиот писател и карикатурист Чарлс Самјуел Адамс, познат по користењето на црниот хумор.

Претставата ќе ја режира Теа Беговска, сценографијата е на Никола Пијанманов, костимите ги креираат Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев. Автор на музиката е Енес Беговски, а за кореографијата е задолжен Бојан Лазаров. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев и суфлер Жаклина Цветковска.

Ликовите во претставата „Фамилија Адамс“ ги играат актерите на Драмски театар Скопје:

ГОМЕЗ АДАМС – Предраг Павловски,

МОРТИША АДАМС – Трајанка Илиева Вељиќ

БАБАТА – Гордана Ендровска

ВЕНЗДЕЈ АДАМС – Нина Елзесер

ФЕСТЕР АДАМС – Сашо Тасевски

ПАГЗЛИ АДАМС – Томислав Давидовски

ЛУКАС, момчето на Венздеј – Марјан Наумов

ДЕБИ, бившата љубов на Фестер – Емилија Мицевска

ТАТКОТО на Лукас – Златко Митрески

МАЈКАТА на Лукас – Маја Вељковиќ Пановска

Изведбата на „Фамилија Адамс“ е планирана за 25 декември и тоа ќе биде четвртата премиера од почетокот на годината. Претставата се реализира од сопствени средства на Драмски театар Скопје.

Минатата сабота театарот ја имаше премиерата на претставата „Драми на принцезите“ со што ја заокружи Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам.

Сите информации и резервации за редовниот репертоатоар може да се добијат на билетарницата на телефонот 076434343 и социјалните медиуми на Драмски театар Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни