Илјадници студенти и граѓани кои ги поддржуваат, го започнаа масовниот протест на улиците во Ниш. Програмата започна во 9 часот наутро со протестен марш, а потоа ќе следи помен за жртвите во Нови Сад. Протестот продолжува со говори, претстави и различни изненадувања за присутните граѓани. Крајот е планиран за три часот по полноќ на 2 март, по што ќе следи чистење на улиците како последна активност.
Утрово студентите се собраа на четири локации: кај раскрсницата на Вардарска и Јована Ристиќ, пред Саборната црква, кај НИТЕКС и пред Медицинскиот факултет.
Во меѓувреме, граѓаните поставуваат импровизирани штандови, подготвуваат кафе и чај, како и појадок, а тука се и сокови и овошје. За обезбедување на протестниот собир се подготви и полицијата, особено сообраќајната, чии членови се распоредиени низ градот, а присутни се и полицајци од други делови на Србија, пишува Н1.
Од 9 часот е блокиран центарот на Ниш.
Бајкерите, исто така, во голем број заминуваат во сабота да ги поддржат студентите и нивните барања, организирано патувајќи од Нови Сад.
Како што изјавиле организаторите за Н1, во 8:15 часот ќе започне патувањето од OMV пумпата во Нови Сад, а групата на бајкери од Белград и околината ќе се собира од 9:15 часот на паркингот на IKEA. Планирано е тие да тргнат за Ниш во 10 часот во колона, под придружба на сообраќајната полиција.