Започна дваесеттиот јубилеен Скопски маратон

Виз Ер Скопскиот Маратон, започна утрово во 08.00 часот пред Собранието на Македонија и на него годинава учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Во Скопје утрово во 08.00 часот пред Собранието на Македонија, започна 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, на кое учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји.

Како што соопштија организаторите на маратонот, одредени улици во градот денес ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14 часот.

Локација за старт на сите трки e Собрание на Северна Македонија, а почетокот за старт на сите трки беше во 08:00 часот. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст. Целта на сите трки е на Плоштад „Македонија“.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до крстосницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до крстосницата со бул. „Јане Сандански“. На крстосницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до крстосницата со бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна, а одругата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар и ќе трчаат до пред крстосницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до крстосницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад „Македонија“, а маратонците трчаат уште еден круг.

Главен покровител на Скопскиот маратон е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Погледнете ја галеријата со фотографии од стартот на маратонот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни