Запленети и уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија – спречен обид за измама на пазарот

ХВ во соработка со Царината спречи нелегален увоз на над 40 тони необележани јајца од Србија, кои биле уништени на депонијата Дрисла.

Агенцијата за храна и ветеринарство (Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија) спречи обид за нелегален увоз на голема количина јајца од Србија, во акција спроведена во соработка со Царинска управа на Северна Македонија.

Над 40 тони необележани јајца, односно вкупно 572.400 парчиња, биле откриени на граничниот премин Табановце, скриени зад уредно декларирана стока.

Според надлежните, постоеле индиции дека јајцата требало дополнително да бидат обележани и да се пласираат како домашен производ, што би претставувало измама на потрошувачите и нелојална конкуренција на пазарот.

По откривањето, целата количина од над 40 тони е прогласена за небезбедна и уништена на депонијата Дрисла.

Од АХВ најавуваат засилени контроли и мерки против сите инволвирани субјекти, со цел заштита на граѓаните и домашното производство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни