Запленет петтиот танкер во акцијата на Вашингтон насочена кон ограничување на извозот на нафта од Венецуела

Американската војска соопшти дека маринците од носачот на авиони Џералд Форд го заплениле Олина „без инциденти“

Американските власти објавија дека денеска го заплениле танкерот „Олина“ во Карипското Море, петти по ред запленет во акцијата на Вашингтон насочена кон ограничување на извозот на нафта од Венецуела.

Тие тврдат дека танкерот „Олина“ пловел под лажното знаме на Источен Тимор, објави Ројтерс.

Американската војска соопшти дека маринците од носачот на авиони Џералд Форд го заплениле Олина „без инциденти“, испраќајќи јасна порака: „Нема безбедно засолниште за криминалци“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни