„Заложби за подобраиднина на младите – Младинска соработка и учество“ 

_autotone

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржи панел дискусијата „Заложби за подобра иднина на младите – Младинска соработка и учество“ во рамките на која се потпиша и младинска декларација за да се поттикне активна соработка помеѓу младите.

Оваа панел дискусија се организираше во рамки на иницијативата започната во 2022 година од страна на локалната канцеларија на RYCO со поддршка од фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер, а во соработка со Клубот за младински прашања и политики на Собранието, со цел зајакнување на капацитетите на подмладоците на политичките партии кои имаат свои пратеници во клубот.  

Покрај реализираните обуки за ефективно креирање на младински политики, од страна на учесниците кои ги претставуваа младинските организации на политичките партии: Алијанса за Албанците, Алтернатива, ДУИ, како и ЛиДеМ, СДММ и УМС беше предложено да се развие заедничка младинска декларација за се поттикне активна соработка помеѓу младите со цел нивна заедничка заложба за унапредување на положбата на младите во земјата и пошироко.

„Денеска, оваа заедничка декларација свечено се потпиша од претседателите и претставниците на политичките подмладоци кои имаат пратеници во Клубот за младински прашања и политики во Собранието, а воедно се дискутираше за заложбите на подмладоците на политичките партии за нејзина имплементација како и континуираната поддршка од RYCO, фондациите Фридрих Еберт и Конрад Аденауер во следење на развојот на настани кои се напоменати во самата декларација“, велат од RYCO.

Меѓу другото потенцираат и дека оваа заедничка декларација ќе придонесе во обединување на младите од политичките партии и сите форми на младинско организирање со цел подобрување на состојбата на младите луѓе на локално и национално ниво, како и унапредување на соработката помеѓу институциите, политичките партии и граѓанскиот сектор.

„Горди сме на вложениот напор и наоѓање на заеднички јазик кои несомнено ќе придонесе за подобра иднина на младите луѓе во Република Северна Македонија“, додаваат од RYCO.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни