САД воведоа нови санкции против Иран два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД планираат директни преговори со Техеран за иранскиот нуклеарен програм.
Американското Министерство го ставило на список и оние на кои ќе им бидат воведени санкции во Иран – пет ентитети и една личност “заради поддршка на иранскиот нуклеарен програм”, пренесува Ројтерс.
„Меѓу означените групи се Организацијата за атомска енергија на Иран и нејзиниот подреден субјект Iran Centrifuge Technology Company“, соопшти е Министерството за финансии на САД.
Оваа акција следуваше по изненадната најава на Трамп во понеделникот дека САД и Иран се подготвени да започнат директни преговори за нуклеарниот програм на Техеран, но иранскиот министер за надворешни работи на тоа реагираше со изјавата дека „преговорите во Оман ќе бидат индиректни“.
Извор: Танјуг