Загреб блокиран пред концертот на Томсон-Воведена посебна регулација, блокирани три населби и мост…

Во Загреб започна посебен режим. Полицијата е присутна на Хиподромот, блокирани се три населби, мост…

Денес на загрепскиот Хиподром ќе се одржи концерт на Марко Перковиќ Томсон, за кој, според организаторите, се продадени околу половина милион влезници. Судејќи според сè, ќе биде најголемиот концерт одржан во историјата на независна Хрватска.

Ден пред концертот помина со бројни фанови на Томпсон во центарот на Загреб кои пееја и палеа бакљи, како и со речиси празна фан-зона на Бундек. Во вечерните часови, сообраќајот беше целосно блокиран во трите населби најблиски до Хиподромот – Кајзерица, Средишќе и Запружје. Блокиран е и Мостот на слободата, Авенијата Веќеслав Холјевац, како и делови од поширокиот центар на градот. 

Концертот на Марко Перковиќ Томсон на Загребскиот Хиподром со продадени повеќе од 500 илјади влезници, официјално станал најголем концерт во светот по број на продадени влезници во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни