Забрчанец: Вашите лаги нема да го угасат гневот кај граѓаните, тужби за тие кои клеветат, навредуваат и хушкаат

„Запрете со клеветењето и хушкањето, вашите лаги нема да го угасат гневот кај граѓаните кои бараат одговорност. Јавно се обраќам до сите медиуми и т.н. ‘медиуми’ кои ги објавија или ќе ги објават ваквите клеветења, навреди, хушкања, етикетирања и дезинформации и барам да го повлечат моето име од објавите и да се извинат за намерното предизвикување и ширење омраза и гнев и тоа во време на национална трагедија“ напиша Марјан Забрчанец на социјалните мрежи, откако се појави напис во кој се клевети дека тој стои зад организациите на протестите.

Тој рече дека доколку во рок од 24 часа не ги повлечат клеветите, навредите и хушкањата кон него, ќе постапи согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

„Барам извинувањето да биде објавено на ист начин и со еднаква видливост како што беа објавени и видливи клеветите и навредите и барам во објавата да бидат објавени фактите подолу“ пишува Забрчанец.


Тој вели дека е клевета оти е неформален координатор и инспиратор на ваквите процеси, истакнувајќи:

„Не сум ниту неформален, ниту формален координатор на протестните движења, не ги познавам координаторите и не сум имал можност да ги инспирирам. Верувам дека младите имаат доволно причини, а и капацитети самостојно да се инспирираат и координираат“ вели Забрчанец.

Втората клевета и навреда која ја истакнува е дека станува збор за „сојуз на ретоградни елементи од СДСМ и од ДУИ – групации“

„Изречена јавна навреда: Ретрограден значи ‘крајно заостанат, назаден, што назадува и постапно опаѓа, слабее’.  Не сум дел од никаков сојуз на елементи од СДСМ и ДУИ, ниту од Левица – не сум член на ниту една партија“ вели Забрчанец.

Како трета клевета тој истакнува дека е аргументот дека „се обидува да се врати на сцена преку манипулација и злоупотреба на трагедијата“.

„На никаков начин не сум ја злоупотребил тратегидијата, напротив сочувствувам со тагата на семејствата, на Кочани и на целата нација и во целост се придржувам до етиката која е соодветна на деновите на жалост“ вели Забрчанец.

Како четврта клевета Забрчанец ја истакнува наводната „цел да создае институционална парализа“.

„Со ниту едно дејство не сум дејствувал против институциите, а камо ли да имам намера да ги парализирам – напротив, сум работел за оваа држава и за овие институции и сум создал проекти од кои граѓаните имаат директни придобивки (https://vlada.mk/Otvoren-Balkan), а тоа се проекти чија имплементација ја продолжи и актуелната власт“ вели Забрчанец.

Тој додава дека согласно Устав и согласно Закон за јавни собири, сите граѓани во Македонија имаат право на јавно собирање заради мирно изразување на мислење и јавен протест.

„Уверен сум – ако во оваа држава има револтирани граѓани и револтирани студенти и млади (а, знаеме дека има), хушкачите и клеветниците нема да успеат ниту да го угасат ниту да го компромитираат поривот и гневот кај револтираните со тоа што ќе клеветат и лажат дека јас сум ги организирал и инспирирал, ниту со клеветите и лагите дека сум имал цел да парализирам институции. Слободата е под закneана, но слободните ќе победат“ вели Забрчанец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни