Забрана за риболов на Мавровско Езеро,  река Радика и нејзините притоки

Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука  за завршување на  сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година.

„Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае  до 31 јануари следната година. Се однесува за сите видови риба, на водните ресурси на подрачјето на паркот. Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони“, рече за МИА, Харис Ибраими, директор.

Додаде дека новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.

„Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк „Маврово“, посочи тој.

Благодарение на грижата за заштита и збогатување на рибниот фонд, на бреговите на Мавровското Езеро и реката Радика, се побројни се домашни спортски риболовци, но и од соседните земји, во летниот период, но посебно и за време на викендите и празнични денови 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни