„Зголемувањето не е само во апсолутни бројки. Бројот на автомобили на 1.000 жители се зголеми од 292 на 328, што укажува на поширока употреба на приватни автомобили во секојдневниот живот на Албанците“, наведуваа медиумите.
Во некои градови оваа бројка е уште поголема – на пример, Драч достигна 483 автомобили на 1.000 жители, една од највисоките стапки во земјата.
Регионот Тирана останува апсолутен центар на автомобили во Албанија, со 34,8 проценти, од вкупниот број во земјата.
Поголемиот дел од патничките моторни возила во Албанија сè уште имаат рачен менувач (58,8 проценти) и просечна старост од 11 до 20 години (47,9 проценти).
„Сепак, се забележува позитивен тренд кон подобрување на квалитетот на возниот парк: бројот на возила произведени по 2011 година е зголемен за 44,4 проценти. Дизелот останува крал на албанските патишта, што како гориво го користат 72,9 проценти, посочуваат медиумите“, повикувајќи се официјалната статистика.
Но, она што се издвојува е двојното зголемување на употребата на електрични возила во споредба со претходната година.