За привремен премиер на Романија е именуван министерот за внатрешни работи

Предоју (56) е актуелен министер за внатрешни работи и привремен претседател на Либералната партија (PNL). Претходно бил министер за правда и привремен премиер во 2012 година.

Министерот за внатрешни работи Кателин Предоју, од редовите на либералите, денеска е именуван за привремен премиер на Романија, ден по оставката на социјалдемократот Марчел Чолаку, соопшти кабинетот на романскиот претседател.

Предоју (56) е актуелен министер за внатрешни работи и привремен претседател на Либералната партија (PNL). Претходно бил министер за правда и привремен премиер во 2012 година.

Марчел Чолаку поднесе оставка во понеделникот навечер, ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските избори и поразот на кандидатот поддржан од неговата влада.

„Со оглед на изборните резултати, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет,“ изјави Чолаку по состанокот на својата партија во Букурешт.

Чолаку (57) остана на чело на владата по парламентарните избори во декември, врз основа на договор кој требаше да го спречи подемот на крајната десница и да овозможи заеднички кандидат за претседателските избори.

Сепак, владиниот кандидат Крин Антонеску освои трето место во првиот круг и испадна од трката.

Кандидатот на крајната десница, Џорџе Симион, победи во првиот круг со 40,9% од гласовите, пред центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, кој доби 20,9%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни