За која храна лажно се верува дека му помага на имунитетот, а која навистина му помага?

Многу популарни домашни лекови и намирници кои се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува.

Според истражувањето спроведено од Wren Kitchens, голем број луѓе веруваат во митови за исхрана, што ги поттикна лекарите Дебора Ли и Шаму Синг да ги разоткријат.

На пример, 42 отсто од испитаниците веруваат дека лукот е моќен имунолошки зајакнувач, но д-р Ли истакнува дека научните докази, особено од студиите на луѓе, не го поддржуваат ова тврдење.

„Иако лукот може да стимулира одредени имунолошки клетки како што се макрофагите и лимфоцитите, повеќето докази доаѓаат од студии на животни“, објаснува таа за Дејли експрес.

Истото важи и за темно чоколадо и чили пиперки.

„Темното чоколадо содржи полифеноли со антиоксидантни својства, но неговото влијание врз имунитетот е минимално“, вели д-р Синг. Тој додава дека чили пиперките, иако содржат капсаицин со антиинфламаторни својства, „немаат директна врска со зајакнување на имунитетот“.

Исто така, додека супата често се конзумира за време на болест, 18 отсто од испитаниците веруваат дека таа има супермоќ во зајакнувањето на имунитетот, но лекарите забележуваат дека нејзината главна придобивка е всушност хидратацијата.

Така, според експертите, намирниците кои навистина го зајакнуваат имунитетот се:

Боровинки – богати со антиоксиданси и полифеноли со антивирусни и антибактериски својства

Лиснат зеленчук – го стимулира производството на интраепителни лимфоцити (IEL), клуч за цревниот имунитет

Куркума – содржи куркумин, моќно антиинфламаторно и антиоксидативно соединение

Агруми – го зголемуваат нивото на витамин Ц, неопходен за имуните клетки

Ѓумбир – помага во борбата против респираторните инфекции и симптомите на настинка.

Така, иако некои намирници се популаризирани како суперхрана без доволно научни докази, одредени намирници навистина имаат силен ефект врз имунолошкиот систем.

„Со вклучување на овие состојки во вашата исхрана, можете да го поддржите вашето тело и да ги зајакнете неговите природни одбранбени механизми“, заклучува д-р Синг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни