YouTube тестира нови реклами што не исчезнуваат

Корисници се жалат на нови банер-реклами на YouTube кои тешко се затвораат и остануваат на екранот додека гледаат видеа.

YouTube повторно го тестира трпението на своите корисници со нов тип реклами кои, според бројни реакции на интернет, тешко се отстрануваат од екранот.

Повеќе корисници на Reddit пријавиле дека YouTube апликацијата за Android и iOS почнала да прикажува банер-реклами во долниот лев агол на екранот додека гледаат видеа.

Станува збор за реклами за апликации или веб-страници на трети страни, а проблемот е што тие остануваат на екранот дури и кога корисникот ќе ја избере опцијата „Dismiss“ од менито.

Дополнителна конфузија создава тоа што на самиот банер нема копче „X“, па дел од корисниците воопшто не знаеле дека рекламата може да се затвори преку дополнително мени.

Во некои случаи единствениот начин рекламата да исчезне е корисникот целосно да излезе од видеото, додека други тврдат дека банерот се повлекува сам по околу 30 секунди.

Дел од корисниците се обиделе и со принудно затворање на апликацијата, но рекламата повторно се појавувала при повторно отворање.

Според достапните информации, оваа промена засега ги погодува корисниците кои не се претплатници на YouTube Premium, додека Premium корисниците и понатаму гледаат видеа без реклами.

Како алтернативно решение, некои корисници избираат да го користат YouTube преку мобилен прелистувач, каде што ваквите банери засега не се појавуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни